Има време до почетокот на летото, но со оглед на наглите климатски промени, не е лошо уште веднаш да започнете да го доведувате вашето тело во топ форма. Оние масни наслаги кои успеавте да ги насоберете во организмот во текот на зимата, започнете да ги отстранувате со помош на ова слатко-горко овошје.
Придобивките од грејпфрут:
– Ја подобрува циркулацијата
– Го забрзува метаболизмот
– Ги отстранува токсините од телото
– Го регулира нивото на шеќер во крвта
– Тоа го спречува собирањето на вода во телото, а со само тоа го спречува и создавањето на омразениот целулит.
Состојки за пијалокот:
– 1 поголем грејпфрут
– 2 портокали
– 1/4 лимон
– парче ѓумбир
Подготовка:
1. Измијте го овошјето, излупете ја кората и ставете го во соковник
2. Исцедете го и ставете во фрижидер
3. Пијте го пијалокот наутро на празен стомак и помеѓу оброците
4. Ако немате соковник исцедете го овошјето со помош на цедилка, а ѓумбирот сомелете го со помош на ренде