Kавгите во IKEA

Florida Sunrise Fort Ft. Lauderdale IKEA home furnishings furniture shopping sale retail display man woman couple young. Image shot 2014. Exact date unknown.

Продавниците на IKEA, освен што имаат за цел да ви го продадат нивниот креативен и релативно евтин мебел, се чини и како да се дизајнирани за преиспитување на секој аспект од вашата врска, без разлика во која насока се одвива.

Според д-р Горкан Ахметоглу – професор по бизнис психологија на Универзитетскиот колеџ Лондон, шопингот во IKEA e таква иницијална каписла за кавги меѓу паровите затоа што продавниците се дезориентирачки:

„IKEA прави да замислиш како би било кога би ги имал нивните продукти, презентирајќи готови кујни, модели на спални и бањи. Колку е полесно да замислиш дека користиш некој продукт, толку повеќе шанси има да сакаш да го купиш. Тоа се вика ’availability bias’ (наклонетост тоа што изгледа достапно)“, објаснува психологот.

Купувачите патем не ни сфаќаат колку длабоко ги афектира перфектниот распоред на продавницата – ги прави да се чувствуваат буквално како дома:

„Многу од овие влијанија се потсвесни, а дури и ако луѓето сфатат дека се манипулирани, тие се неспособни да се спротивстават на тоа бидејќи мозокот го нема капацитетот за соодветно да ги процесира овие нешта“.

И така, избиваат кавги. Но, за што точно се караат паровите во IKEA? Од близок извор што се упатил специјално во една од нивните продавници за да наслушнува, Vice успева да дознае дека ниту една кавга всушност не се врти околу душеците, лавабоата или плакарите, а тоа го потврдува и д-р Суки Макферсон – психолог од British Psychological Society, специјалист во работа со парови.

Во кујнскиот оддел

3+Dec+2011+011[1]

Вид на парот: Жена и маж пред рафтот со кујнски шпатули.

Мажот: „Сигурна си дека ова е вистинското место да најдеме ренде за сирење? Зашто не гледам ништо такво“.

Жената: „ДА! Зошто секогаш мораш да преиспитуваш се што правам?“

[Фрустрирачка тишина]

Д-р Макферсон: „Оваа жена ја зема оваа една забелешка и ја генерализира врз целата комуникација во нивната врска. ’Секогаш’ никогаш не е корисен збор кога се работи за врските. Постои борба за моќ меѓу овој пар – секој од нив веројатно се чувствува како другиот да има повеќе контрола во врската. Таа изгледа чувствува дека тој има повеќе моќ во врската, а тоа сосема може да е точно“.

Во одделот за осветлување 

screen-shot-2015-08-10-at-11-09-50-am[1]

Парот: Маж и жена. Жената мерка една розево-златна лампа. 

Мажот: „Станот ни е толку многу преполн со бакарно срање, што веќе го мразам. Зошто секогаш ги бираш нештата што мене не ми се допаѓаат? Како воопшто да не ти е гајле што мораме да живееме во истото место“.

Жената: „Ако ти имаше добар вкус, немаше јас да морам да бирам се, во име на двајцата“.

Мажот: „Само зашто немаме ист вкус, тоа не значи дека мојот е лош“.

Д-р Макферсон: „Заедничкиот простор за живеење е проблем – преговарањето околу различните вкусови подразбира компромис, во што некои индивидуи се подобри од другите. За жал, тоа е тешко остварливо со нарцистички и фокусирани-кон-себе личности“.

Во одделот за купатила и бањи

ikea02[1]

Парот: Маж и жена стојат покрај кошница.

Мажот: „Веќе не ми е ни гајле што е ова, ама мораш да сфатиш дека не е доволно големо за да ни ја собере целата облека за перење. Не може ли само да останам и да те чекам во кола?“

Жената: „Не, не може. Ми треба твоето мислење. Искрено, што и да е, доволно е големо. Не знам ти во кој свет живееш“.

Д-р Макферсон: „Жената сака заедничко искуство, а мажот сака тоа искуство да заврши што е можно побрзо. Погодувам дека тој не разбира дека нештата треба да бидат атрактивни – тој радо би и препуштил нејзе да одлучи. Би ризикувал уште едно погодување и би рекол дека расправијата на овој пар укажува на недостаток од заедничка визија, што прави таа да се чувствува осамено и несакано“.

Во одделот за прибори и материјали за пишување 

101_2387[1]

Парот: Дечко и девојка во свои доцни 20-ти години

Дечкото: „Така, значи сега сакаш и хартија за виткање подароци. Што ќе имаше совршена смисла ако ти некогаш во животот купеше поклон за некого. А згора на тоа чувствувам и дека пак јас ќе бидам тој што ќе ја плати на каса“.

Девојката: „Знаеш дека ќе земам плата во петок, и ќе ти ги вратам парите тогаш. Не можеш ли да го направиш само ова мало нешто за мене?“

Д-р Макферсон: „Тоа е низок удар – да речеш дека другиот никогаш не купува подароци, па затоа другиот враќа со идејата дека првиот никогаш не прави убави нешта за него. Мислам дека и двајцата се чувствуваат обезвреднети и можеби експлоатирани од другиот. Ова рефлектира некои длабоки тензии, бидејќи парите можат да се голем проблем во една врска. Од споменувањето на ’подароците’ и ’правење на убави нешта’, јасно се гледа дека проблем се други аспекти од врската – како време и внимание.

На прашањето дали постои начин паровите да избегнат кавги во IKEA (и другите слични џамбо маркети), д-р Ахметоглу вели:

„Паровите однапред мораат да се осигураат дека имаат список за шопинг со кој и двајцата се согласуваат, и цврсто да се држат до него“.

Ако тоа пропадне и шопинг маратонот сепак заврши со солзи и фрустрација, парнерите не треба да бидат престроги еден кон друг: Позадинскиот стрес ги влошува постоечките тензии во врската, а ако IKEA и сличните маркети се добри во едно нешто, тоа е да создаваат бекграунд стрес во вашата врска. Намерно создаден или не, многу од луѓето ќе купат што и да е, само за да го избегнат.

- Реклама -