Кавани во Челзи, Ел Шарави во Наполи?

Според медиумите од Италија, Челзи е подготвен да ја плати откупната клаузула на Единсон Кавани вредна 63 милиони евра, пари кои Наполи ќе ги реинвестира во Стефан Ел Шарави.

’Сините’ пројавуваат сериозен интерес за Единсон Кавани и веќе имаа два неуспешни обиди за ангажман на напаѓачот.

Последните стории велат дека Челзи конечно ќе успее да дојде до потписот на репрезентативецот на Уругвај откако Роман Абрамович дал зелено светло да се плати откупната клаузула во договорот на фудбалерот вредна 63 милиони евра.

Sport Mediaset ја пренесе ваквата информација вчера во доцните вечерни часови, и најави дека ’Наполитанците’ веднаш ќе ги инвестираат овие пари за да ја заменат својата голема ѕвезда.

Прва желба на тимот од Сан Паоло е 20 годишниот Стефан Ел Шарави од Милан.

Потпретседателот на ’Росоњерите’, Адриано Галијани пред неколку дена призна дека тие ќе размислат за продажба на италијанскиот репрезентативец доколку добијат примамлива понуда.

Се говори дека Наполи ќе понуди 30 милиони евра плус уште неколку додатни милиони во најразлични клаузули за услугите на ’Фараонот’.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -