Кацарска и официјално предложена за уставен судија, на потег е Собранието

Како што и беше неофицијално најавено во медиумите, Судскиот совет ја предложи судијката Добрила Кацарска за нов Уставен судија на местото на Владимир Стојановски, кому му истече мандатот. Сите 12 членови го поддржаа предлогот, пренесува „Алсат“.

Според претседателот на Судскиот совет – Ќиро Здравев, Кацарска е предложена единствено поради нејзината професионалност и затоа што е добар судија, без никакви политички пазарање.

Сега следно на потег е Собранието, каде пратениците треба да го изгласаат предлогот. Здравев смета дека Кацарска ќе биде избрана и покрај тоа што нема поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, пренесува „Алсат“.

Вчера, за ТВ „Алфа“, Кацарска изјави дека со задоволство би прифатила да биде уставен судија.

Номинацијата на судијката доаѓа ден откако во затвop почна да ја издржува казната поранешната министерка за внатрешни работи – Гордана Јанкулоска, која заедно со екс-премиерот Никола Груевски и Ѓоко Поповски беше осудена во предметот „Тенк“, токму од Кацарска.

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно
- Реклама -