Катице, за жал ништо нема да биде ок

За жал, за жал. За жал, не е воопшто значајно кој навистина и преку кои посредници ја пратил снимката на италијанскиот весник “Ла Верита”, каде Боки 13 и Зоки Кичеец стапуваат на сцена во куќата на Орце Камчев, со торба, за која се претпоставува дека им е врачена полна со пари од рекет, или мито наречете го, сеедно.

За жал, нема апсолутна никаква суштинска важност за остварување на крајната цел- што менува кој е политичкиот или подземен интерес на весникот, од каква политичка провиниенција е тој, до кои политички структури, фигури и подземје е близок, колку се силни врските на оската Салвини- Орбан-Путин- Груевски- Мицковски, за да го уништат Заев, и со тоа барем краткорочно, иднината на земјава- шансите за добивање на датум за преговори со ЕУ есенва.

За жал, ниту пак се некаква утеха сомнежите за вистинските, задни намери на новинарот Ларис Гајзер, кој се потпишува зад објавените текстови кои изобилуваат со видео и аудио снимки за наводен рекет- дали сака да ја сруши само Владата на Заев, наместо како што тврди- да и помогне на Македонија да го најде својот пат, дали цели кон уништување на ЕУ и НАТО процесите. Што е тоа воопшто важно во целата приказна, доколку е вистинита, за можната поврзаност во рекет операцијата на Јанева и Боки 13 кон Орце Камчев.

Ништо од ова не го анулира проблемот и сомнежите дека гласот на обвинителката Катица Јанева може да подразбира и нејзина евентуална вмешаност во рекетот на Боки 13 за ослободување на Орце Камчев: “Ќе биде се океј”… “Јас сум премногу ангажирана затоа не ја држам (говори за обвинителката Лиле Стефанова) редовно под контрола. Инаку она без мене не може ништо”.

За жал, досегашните објавени снимки не покажуваат експлицитна вина на Катица Јанева- кога станува збор за директна поврзаност со рекетот, туку само навестуваат- ако се поврзат подоцнежните дејствија на СЈО- со пуштањето од домашен притвор и подоцна и врачувањето на пасош на Камчев, со образложение дека неопходна алатка за неговата работа или понатамошно едуцирање.

 

целата статија тука

- Реклама -