Обвинителите, но и вработените во СЈО заедно со Катица Јанева да ги вратат парите кои ги земаа надвор од законски рамки. Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанво бара конфискација на нелегално стекнатиот имот, но и политичка и морална одоговност. Според Трајанов, најбитно е владејачките партии да овозможат институциите да проработат. За него, не семее обвинител да имаат приходи од 5 до 6 илјади евра месечно, а премиер или претседател до 1.200 евра.
„Повеќе од јасно е дека сите тие што примиле пари, а знаеле дека работат надвор од општите правила и стандарди и дека за тоа треба да понесет и законска, и политичка и друг тип на одговорност. Не е можно нити Катица Јанева ниту било кој од тие јавни обвинители и понатаму да продолжат да бидат јавни обвинители затоа што делумно навлегле во корупција и круминал, без разика дали таа ја покривале со некакви интерни правилници и одредби од Законот, сметам дека тоа е апсолутно неприфатливо и теба да понест одговорност“, изјави Павле Трајанов, претседател на Деморкатски сојуз.
Иницијатива за враќање на бонусите на обинтелите од СЈО, најавува и невладината Цивил.
„Скандалозно е да имате такви бонуси па не знам каква работа да вршите во општеството, скандалозно е да имате бонуси кои произлегуаат од буџетот на една земја во која има и луѓе гладуваат“, рече Џабир Дерала, Цивил.
Високите суми на обинителите од СЈО кои се движат од од 2.500 до 3.000 евра, плус надоместоци, неодамна ги потврди и портпаролката на специјалното обвинителство, Ленче Ристоска. Вели дека се било според закон иако не ги наведе членовите според кои се повикува. Во јавноста излезе податокот дека Катица Јанева зела 157.000 евра за да молчи што слушнала во „бомбите“. Инаку самото СЈО предвидело дека доколку вработените во СЈО ја прекршат тајноста на „бомбите“ им се заканува кривична одговорност, но и обврска да ги вратат сите пари од бонусите.