Катица призна, уште Златко и Емилија останаа

Новинарката и долгогодишна главна уредничка на ТВ Телма , Емилија Лазаревска смета дека објавените снимки од италијанскиот медиум „La Verita“ се „забава за широки народни маси и од правен аспект оваа аудио снимка ништо не значи пред суд “.

Новинарката се сомнева и во „автентичноста“ на гласот на Катица Јанева во дел од објавената аудио-снимка, за кој шефицата на СЈО денеска потврди дека е нејзин:

„Што се однесува до гласот на Катица Јанева. Оле од Зевзекманија исто вака зборува, а и лесно може секој просечен монтажер да го измонтира ова“ напиша Лазаревска на ФБ.

Музичарот Златко Ориѓански, се сомнева дека обвинителката Катица Јанева навистина учествувала во разговорот меѓу Боки 13 и Орце Камчев. Тој смета дека нејзиниот глас што се слуша на интерфон е намонтиран.

„’Не се секирај, се ќе биде во ред“, е аматерски налепен глас земен од некој друг разговор. Секој ако барем малку работел аудио ќе препознае. Абе можевте да ми даете 100.000 евра, ќе ви го лицнев гласот, имаше да свети хахаха“, напиша Ориѓански на социјалните мрежи.

Инаку, Златко Ориѓански се очекува да биде поставен за Директор на Културниот центар на Македонија во Тирана…

- Реклама -