Катица Јанева пристигна во Гевгелија

Со полициска придружба пристигна специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на погребот на својата мајка. Во капелата на градските гробишта, полициските службеници ја спроведоа преку задниот влез.

Барањето за присуство на погребот, вчера до судијата на претходна постапка го упати адвокатот на Јанева. Обвинителката за гонење организиран криминал и корупција изјави дека човечки било да се дозволи Јанева да присуствува на погребот на својата 83 годишна мајка.

- Реклама -