Извори од СЈО за КОД велат дека најмалку два пати Бојан Јовановски ја посетил Катица Јанева во нејзината канцеларија во СЈО.
Снимките предадени во обвинителството за организиран криминал потврдуваат дека во разговорите меѓу рекетираниот –Камчев и изнудувачот Јовановски има и трето лице во некои разговори, специјалната обвинителка Катица Јанева . Тоа за екслузивно за КОД го потврди обвинителката Русковска
КОД: Дали на тие снимки се гледа како осомничените го прават тоа (изнуда) или ја повикуваат Катица Јанева?
Рускоска: Па се гледа, а и се слуша.
КОД: Ја повикуваат Катица Јанева, се слуша такво на снимките? Дека и се јавуваат, да потврди нешто?
Рускоска: Видете, не можам да зборувам за детали од доказите со кои располагаме. Се слуша разговор со јавен обвинител.
КОД: Пуштен на интерфон?
Рускоска: Да.
Снимките кои сега ги поседуваат обвинителите за организиран криминал покажуваат дека рекетираниот бизнисмен ги снимал изнудите а кога на интерфон биола вклучувана и Јанева лично тоа исто така било региструрано. Судот треба да ги цени дали ке бидат прифатени како доказ. Рускоска вели дека согласно препораките на Венецијанската комисија тие би требало да бидат прифатени поради јавниот интерес и вклученост на функционер- обвинител во нив. За тоа разговарале државниот обвинител Јовевски и обвинителката Рускоска.
Целата статија на Телма.мк