„Катимерини“: Русија може да стави вето за Преспанскиот договор

Со изјавата на руското министерство за надворешни работи од вторникот, Русија ја отвора можноста за ставање вето на Преспанскиот договор во Обединетите Нации, пишува грчки „Катимерини“.

Во својот говор, рускиот министер за надворешни работи ги потврди силните забелешки на Русија кон пристапувањето и членството на ФИРОМ во НАТО, го прогласи неделниот референдум за невалиден поради малата излезност, и предупреди дека како постојана членка на Советот за безбедност на ООН, „Русија внимателно ги следи случувањата по ова прашање“, пишува весникот.

Во текстот „Катимерини“ ја цитира изјавата на руското МНР:

„Одѕивот од 36,8 отсто значи дека референдумот не може да се смета за валиден (одѕивот мора да биде најмалку 50 отсто). Јасно е дека македонските гласачи избраа да ги бојкотираат решенијата наметнати за Скопје и Атина однадвор – бидејќи водечките политичари од НАТО и земјите-членки на ЕУ директно учествуваа во оваа крупна пропагандна кампања, непречено мешајќи се во внатрешните работи на оваа балканска држава…

Прочитајте и:  Гринфилд: Се додека Украинците се борат против инвазијата и идеологијата на „посилниот секогаш е во право“, САД ќе ги поддржуваат

… Нашата основна позиција останува иста: долгорочно решение може да биде договорено само од двете засегнати страни, без надворешна интервенција, и само во рамките на законот и со широка поддршка од јавноста. Очигледно е дека Преспанскиот договор не ги задоволува овие критериуми. Не е компатибилен со меѓународното право и Уставот на Република Македонија, како што повеќекратно беше потенцирано и од македонскиот претседател Ѓорге Иванов, помеѓу другите“.

Предупредувањето на руското МНР дека внимателно ја следи ситуацијата, заедно со фактот што исходот на преговорите меѓу Скопје и Атина ќе биде толкуван од самиот Совет за безбедност, а во согласност со членот 3 од резолуцијата 845 на Обединетите Нации, ја остава отворена можноста Русија да стави вето на Договорот, толкува „Катимерини“.

- Реклама -