Kaтарина повторно ја продава невиноста

21 годишната девојка планира да снима шоу „There’s Something About Catarina”, во кое има намера да ја изгуби својата невиност.

Наводно, во шоуто ќе се борат  20 мажи од цел свет. Оној што ќе ја добие главната награда ќе добие и   џек пот од милион долари.

Шоуто моментално е во подготовка, а заинтересираните натпреварувачи веќе можат да се пријавуваат за учество.

За потсетување, Бразилската студентка Катарина Малиорини, која што ја  продаваше невиноста, се прослави пред малку повеќе од една година, кога доби чудна понуда од  Јапонец, вредна дури  780 илјади долари.

Мераклијата  сепак не се појави да го консумира купувањето, а 20-годишната студентка сега прави трет обид да изнуди  најмногу, тврдејќи дека дури добила предлог за брак.

Веста за реалното шоу ги изненади медиумите со оглед на тоа што таа пред неколку дена имаше речиси сигурен купувач.

„ Добив предлог за брак од еден арапски милионер и размислувам за тоа, овој предлог е поврзан со можноста да се омажам”, изјави  Катарина за The Huffington Post.

„Тој е многу романтичен, и е меѓу 35 и 40 години.  Тој е убав и многу интелигентен човек …. Живее во убава куќа”, се фалеше девојката.

Дали ќе успее да си ја продаде невиноста на третиот обид, ќе стане ријалити ѕвезда  или пак ќе има свадба, останува да дознаеме.

 

- Реклама -