Не е никаков новитет соработката меѓу нашата најпозната манекенка Катарина Ивановска и престижниот британски бренд „Next“. Имено, таа во последната рекламна кампања на брендот, ги презентираше модните додатоци од колекцијата пролет/лето 2013. Во галеријата подолу ви прикажуваме дел од фотографиите на кои преовладуваат детали во нежни и светли бои, а Катарина изгледа прекрасно како и секогаш.