„Најмила“ е името на новата песна на ДНК, каде како автор на музиката се јавува Панчо, a аранжманот е на Лазар Цветкоски.
Песната ќе биде промовирана заедно со спотот, каде што во главнаа улога е нашата најпозната манекенка Катарина Ивановска.
„Со Андреј, конечно, одлучивме да ви ја претставиме нашата најмила. Овојпат се работи за нашиот, но и светски познат топ-модел Катарина Ивановска, кој навистина одлично се вклопи во целата приказна на спотот за нашиот нов сингл. Верувам дека за месецот на дамите нашата ‘Најмила’ ќе биде вистински подарок и благодарност од ДНК за нивната љубов кон нас сиве овие години. “, вели Панчо.
Премиерата ќе се случи во првата половина на март, а бидејќи е посветена на сите жени, типуваме дека тоа ќе биде 8-ми.