Кататумбо – светска престолнина на молњите

Секоја година околу Кататумбо можат да се видат повеќе од еден милион светкавици, повеќе од било кое  друго место во светот.

Венецуелската општина Кататумбо, Северен Сантандер, ја прогласи својата територија за „Светска престолнина на молњата”. Локалните власти велат дека тоа е сосема оправдано откако стана јасно дека Книгата за рекорди „Гинис” објави дека во реонот на Кататумбо е регистрирана највисоката во светот концентрација на молњи – 250 квадратни километри  за година. Претходниот рекорд и припаѓа на областа Кифука во  Конго, каде што бројот на молња на квадратни километри во една година изнесува   152.

1

Кататумбо е името на реката во Венецуела, како и на мало рибарското село. Луѓето таму се занимаваат главно со риболов, а животот им одвива далеку од градот. Сепак речиси секоја вечер околу нив небото станува сцена за уникатно светлосно шоу.

Научниците проценуваат дека во долината на реката Кататумбо, која се влева во езерото Маракајбо, бројот на молњи за година надминува милион.

2

Имено, тие  не се манифестирани  со грмотевици, бидејќи се на висина од 10 километри и  осветлуваат огромна површина.

Во минатото морнарите го  нарекувале овој  вчудовидувачки природен феномен „Фара Кататумбо” , бидејќи континуираните светкавици се гледаат на растојание од 400 километри.

3

Спектакуларниот  број на молњи е резултат од акумулацијата на природните фактори. Планинскиот масив на Андите со висина до 5 километри, го блокира ветрот и на тој начин се обезбедува изобилно испарување од површината на езерото, од што се формираат огромни облаци, кои се издигнуваат нагоре. Како резултат на тоа има речиси непрекинатати  молњи во 140-160 ноќи во годината. Научниците го нарекуваат Кататумбо фабрика за природен озон. Безбројните електрични празнења зафаќаат до  10 отсто од вкупниот обем на озон на Земјата.

5

- Реклама -