Касиљас ќе замине доколку остане резерва

Капитенот на ’Кралевите’ минатата сезона, под водство на Жозе Мурињо го загуби првотимскиот статус.
Се веруваше дека тоа ќе се промени со заминувањето на ’Специјалниот’, но Диего Лопез е прв избор и на Карло Анчелоти.

Стратегот од Италија се обиде да направи компромис и да ја подели одговорноста помеѓу двајцата голмани, Диего Лопез стои помеѓу стативите во Примера, а Икер Касиљас во Лигата на Шампионите и Копа дел Реј.

Според денешното издание на AS, дваесетина натпревари во сезона се премалку за Икер Касиљас, па репрезентативецот на ’Црвената Фурија’ веќе прави планови за својата иднина.

И покрај тоа што самиот голман неодамна нагласи дека останува на Сантијаго Бернабеу, AS вели дека Икер Касиљас во јуни ќе замине од Мадрид доколку не му се промени статусот.

Весникот пренесува дека 32 годишниот Шпанецот ќе го напушти Реал Мадрид по крајот на сезоната доколку не е прв избор, а како можни дестинации се посочуваат Арсенал и Манчестер Сити, кои подолго време ја следат неговата ситуација.

Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.mk

- Реклама -