Касем нема долго да биде лидер на Хезболах, порача Израел

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека изборот на Наим Касем за нов лидер на Хезболах е „привремен“.

„Привремено назначување. Не за долго“, напиша тој на Икс.

„Шурата (управниот совет на Хезболах) одлучи да го избере шеикот Наим Касем за генерален секретар на Хезболах“, се вели во соопштението на шиитската исламистичка група која војува со Израел.

Поранешниот шеф на Хезболах, Хасан Насралах беше убиен на 27 септември во израелски воздушен напад врз јужното предградие на Бејрут за кое се верува дека е упориште на Хезболах. Неговиот наследник, Хашем Сафиедин, беше убиен во друг израелски напад на почетокот на октомври. Неговата смрт беше потврдена минатата недела од Хезболах. Убиени се и неколку други водачи на организацијата.

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант

Седумдесет и едногодишниот Наим Касем помогна во основањето на Хезболах во 1982 година. Во 1991 година, тој стана заменик генерален секретар на движењето, една година по договорите што требаше да ги помират Либанците по граѓанската војна (1975-1990).

- Реклама -