Претседателот на БЕСА – Биљаљ Касами, порачува дека поддршката за уставните измени од нивните пратеници ќе зависи од тоа дали мнозинството, т.е. претставникот на парламентарното мнозинство – премиерот Зоран Заев, ќе покаже „слух за прифаќање на нивните барања“.
Според Касами, досега такво нешто немало. Ако се продолжи во истиот правец, предупредува тој, Заев и парламентарното мнозинство подобро да си бараат нови гласови за потребното двотретинско мнозинство за уставните измени.
Амандманот на пратеничката група на БЕСА и на Алијансата за Албанците се однесува на тоа зборот „македонско“ да се избрише од „македонско/Граѓанин на…“ предвидено со Преспанскиот договор, а во графата за државјанство да пишува само „Граѓанин на Северна Македонија“. БЕСА и Алијанса за Албанците имаат по два пратеника во Собранието, вкупно четири. За двотретинско мнозинство се потребни 80 гласови.
Изјавата на Касами погледнете ја на ТВ24.