Касами: Приватните фирми треба да спроведат двојазичност за да создадат еднакви услови при вработувањето

Ако би играл на карта популизам, и Биљал Касами би рекол дека приватните компании треба да работат на правична (етничка) застапеност. Сепак, во реалноста ситуацијата е поинаква, изјави лидерот на Беса и коалиционен партнер на премиерот Зоран Заев и СДСМ во вчерашното гостување во емисијата „Click Plus“ на „ТВ21“.

Затоа, пак, Касами побара приватните компании да воведат двојазичност:

„Дел од дипломираните Албанци не говорат македонски јазик, затоа приватните компании треба да спроведат двојазичност за да создадат еднакви услови при вработувањето на сите граѓани“, рече Касами.

Прочитајте и:  „Балансерот“ утре на седница на Уставниот суд
- Реклама -