Во организација на Општина Карпош, утре, сабота (01.10.2016) со почеток во 12.00 часот, пред платото на Skopje City Mall ќе започне традиционалната манифестација „Ем умеам, ем можам”. Веќе по 14-ти пат со поддршка на локалната самоуправа, ќе се постават 40 штандови, на кои ќе бидат изложени производите на 15 домашни занаетчии, како и артиклите на 25 реномирани македонски производители.
Што се однесува до културниот блок, напладне ќе започне детската програма со многу музика и танци, во изведба на дечињата од градинките и основните училишта од Општина Карпош.
Забавата за повозрасните, започнува во 18.30 часот со концерт на популарната македонска поп- група „Нокаут”, кои ќе бидат одлична најава за мегаконцертот на хрватската поп ѕвезда, Данијела Мартиновиќ кој ќе започне во 20.30 часот.
Бидете и Вие дел од добрата забава. Понесете ја со себе својата насмевка и доброто расположение. Секако, влезот е слободен.
Текстот е спонзориран