Ле Ејзие де Тајак е гратче во југозападниот дел на Франција. Неговите смачкани под карпите куќи кријат тајни за животот на првите луѓе на земјата.
Градот е полн со бројни пештери и остатоци од домови, чија што историја започнува пред повеќе од 28 000 години. Во реонот се откриени скелетни остатоци од домородни народи.
Праисториските пештери околу градот содржат некои од најзначајните археолошки наоди од палеолитот. Освен скелети, откриени се и алатки, привезоци и накит, како и екстензивни цртежи на ѕидовите.
Областа ја посетуваат илјадници туристи секоја година. Тие се радуваат на неверојатните домови, изградени во минатото, со цел да се заштат од викингшките напади.
Во карпите има десетици пештери, вклучувајќи бројни средновековни тврдини, црква и музеи. Les Eyzies содржи околу 150 праисториски локалитети кои датираат од палеолитот и околу 25 украсени пештери.
Тука има над 200 цртежи и резби на бизон, коњи, мамути и елени, како и голем број на стилизирани човечки фигури. Дел од цртежите датираат од пред околу 17.000 години.
Abri de Laugerie Basse е друг карпест дел, кој е населен пред повеќе од 17 илјади години. Тој е познат по големиот број алатки и артефакти кои се откриени, вклучувајќи скулптура на коњ и на женска фигура.