Каролина, те сакам!

carolin Обожаватели на поп-
пејачката Каролина Гочева во последно време по грешка праќале пораки по
електронска пошта на пратеничката Каролина Ристова-Астеруд.


carolin

Обожаватели на поп-
пејачката Каролина Гочева во последно време по грешка праќале пораки по
електронска пошта на пратеничката Каролина Ристова-Астеруд.
 
"Досега
примив десетина пораки наменети за пејачката Гочева. Повеќето се
класични пораки и позитивни", вели пратеничката Ристова.


Пратеничката Ристова, сите фанови на Гочева љубезно ги известила дека
пораките стигаат на друга адреса и покрај тоа што тоа и било
дополнителна обврска.


"Јас им одговарав на имејловите, и покрај тоа што ми беше напор, зашто
паралелно одговарам на пораките на гласачите. Сакав да им укажам дека
згрешиле, бидејќи ми беше жал нејзините фанови да бидат во заблуда дека
нивната сакана пејачка не реагира на нивните пораки", вели Астеруд.


Обожавателите на пејачката и се извиниле на пратеничката Ристова и и се
заблагодариле на укажувањето дека пораките место кај пејачката стигаат
кај неа.


"Еден обожавател беше подуховит. Ми напиша дека драго му е што згрешил
и што и пратил порака на најомилената пратеничка", открива Ристова.
Пратеничката се заблагодарила на комплиментот и го повикала фанот на
Гочева да и напише секогаш кога ќе има нешто да каже, да критикува или
да предложи во врска со нејзините политички ставови.


Таа се обидела да ја контактира и пејачката преку нејзината веб
страница, но безуспешно. "Нешто очигледно не функционира", вели
Ристова.


Грешка во релацијата Каролина – пејачка и Каролина – пратеничка имало и
во обратна насока. Последниот месец пејачката Гочева слушала трач за
неа дека ќе се кандидира за пратеник. "Тоа беше најблесав трач што сум
го чула за себе", изјави тогаш пејачката Гочева.


Поп- пејачката Каролина Гочева ја контактиравме додека патуваше на
гостување на телевизија во Загреб. Пратеничката Ристова се јавила кај
нејзиниот менаџер Даниел Милошески од "Авалон продукција", па така
Гочева дознала за забуната во имејловите.


– Ќе и ја кажам на Каролина Ристова-Астеруд мојата имејл адреса да ми
ги препрати пораките", ни изјави Каролина.
 
"А сите оние што сакаат да
стапат во контакт со мене, тоа можат да го направат преку мојата
официјална веб страница www.karolinaonline.com.mk или на имејл адресата karolinagoceva@mt.net.mk", вели поп пејачката.
 
 
- Реклама -