Карлеуша подготвена за лето?

Пејачката и самопрогласен моден маг Jелена Карлеуша, објавила фотографија од себе на својот Твитер профил во костум за капење, кој ќе го носи летово.
Таа на фотографијата носи „трикини“, кој ги истакнува нејзините гради, како и препоните, со наслов „Трикинито е подготвено! Донесете го летото!“.

Нејзините посветени обожаатели беа воодушевени, додека објективните набљудувачи се прашуваат дали е ова во границите на вкусот?

 

 

- Реклама -