Синоќа се одржа десеттиот роденден на магазинот Story, а една од најпомпензните тоалети ја понесе Јелена Карлеуша.
Ѕвездата за чиј што стајлинг се зборува и низ светските медиуми покажа уште еднаш зошто секогаш се наоѓа во центарот на вниманието. Таа се појави облечена како средновековен витез.
„ Ова е еден убав Версаче фустан и зимски комплет капа и ракавици од новата колекција на Долче и Габана. Имено, D&G си поиграле малку со темата Јованка Орлеанка и жена борец во модерното доба. Ми беше интересно пред толку многу медиуми да се појавам облечена со еден симболичен штит“, изјави Карлеуша.