Карла Бруни се прошета на ревијата на Викторија Сикрет: „Мојот сопруг би доживеал срцев удар“

По пауза од шест години, пред два дена во Њујорк се одржа ревијата на Викторија Сикрет. Посебно внимание привлече поранешната прва дама на Франција, 56-годишната манекенка Карла Бруни. Таа прошета на модната писта во црн корсет и мрежести чорапи во иста боја.Тоа беше нејзиното прво и „веројатно последно“ појавување во долна облека, се пошегува таа во интервју за Page Six.„На мои години?! Многу е возбудливо, но и многу поразително, навистина. Затоа што, знаете, никој никогаш не се навикнува да биде на модната писта без разлика колку долго го правите тоа“, рекла Карла.Бруни почна да се занимава со манекенство во 1987 година, кога имаше само 19 години, а со текот на годините работеше со врвни модни куќи како Шанел, Версаче, Диор, Живанши и Сен Лоран. Сепак, вели таа, имало нешто посебно во поканата од Викторија Сикрет.„Забавно е да се стане ангел. Ќе добијам крилја“, рече таа пред шоуто. „Единствено жалам што мојот сопруг не е тука. Ќе доживееше срцев удар“, мислеше таа на поранешниот француски претседател Никола Саркози.Текстот Карла Бруни се прошета на ревијата на Викторија Сикрет: „Мојот сопруг би доживеал срцев удар“ е превземен од МАКФАКС.
Извор