Реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“, наводно, ќе биде завршено во 2015-та година.
„Ова е најдолгата реалити франшиза на сите времиња. И Ким и Крис сакаат реалното шоу да заврши така што ќе ги остават фановите во неизвесност, а не да ги глеадат уште неколку сезони и да се досадуваат“, пренесуваат американските медиуми.
„Покрај тоа, сите тие сега продолжуваат со своите животи истражувајќи нови можности. Ким сака да биде со својата ќерка и со Кание Вест, додека Крис сака да се насочи кон тоа да биде водителка на ток-шоу или филмски продуцент. Таа постојано зборува како мечтае за тоа еден ден да освои Оскар“, пишуваат весниците.
Кардашианс потпишаа минатата година договор вреден 40 милиони долари за продолжение на реалното шоу.