Каракачанов се спушти на земја… поради пукнато стакло на авионот

Авионот на „Бугарија Ер“, со кој бугарската владина делегација се враќала од Брисел кон Софија, морал вонредно да слета во Виена поради пукнато стакло во пилотската кабина.

„Пилотите дејствуваа професионално, затоа и го заслужија аплаузот на патниците“, изјави за бугарската bTV бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана – Красимир Каракачанов, кој бил еден од патниците од бугарската делегација.

Патниците немале претстава дека било што се случува во пилотската кабина, сé додека не биле известени од самиот екипаж дека ќе мора вонредно да слетаат. Но екипажот бил максимално ладнокрвен, па така и патниците биле сосема спокојни.

По слетувањето во Виена, дошол друг авион од Софија да ги пренесе патниците. „Со задоцнување од само 5-6 часа, сите патници се прибраа здрави и живи“, вели Каракачанов.

 

- Реклама -