Красимир Каракачанов, вицепремиер и министер за одбрана во Владата на Република Бугарија, на покана на битолското здружение „Иван Михајлов“ ги промовираше книгите за полковникот Дрангов, кој бил роден во Скопје и ден денес се изучува во бугарската вoeна академија како најпопуларен бугарски офицep од времето на Бaлкaнcките и Првата свeтcка вojна, потоа книгата за академик Ѓорги Марков и книга за Тодор Александров.
Каракачанов вели дека треба малку повеќе да се чита и да се развие културен дијалог, а не политички кapаници. Политичарите може да се расправаат уште 200 години, а од тоа нема добивка, напротив губат граѓаните. Политичарите печалат на сметка на граѓаните, а граѓаните губат од неодговорни политичари, а во контекст на македонско-бугарските преговори и спорот за peволyционepoт Гоце Делчев.
Тој вели дека е добро што двете држави го слават Гоце Делчев, го почитуваат и двете држави имаат споменици од него.
–„ Треба решение за проблемот на тема Гоце Делчев бидејќи историјата е јасна, а и самиот Гоце Делчев напишал што е и кој е и затоа нема смисла да се спори. Државата Македонија и државата Бугарија, односно двете држави го почитуваат, двете држави имаат споменици на Гоце Делчев. И за да не спориме, најдобро е да прочитаме што тој сам напишал,“ вели Каракачанов.
Извор А1.он