„Бугарија не треба да каже ‘ да’ за започнување на преговори на Македонија со ЕУ во оваа фаза. ЕУ не може да биде легитимација за неправди, а Бугарија да се користи на суров начин како отскочна даска на раководните тела на Скопје“, вели бугарскиот министер за одбрана и лидер на ВМРО – БНД, Красимир Каракачанов.
Неговата реакција доаѓа по интервјуто на македонскиот претседател Стево Пендароvски „во кое тој си дозволува да ја злоупотреби историската вистина за потеклото на Гоце Делчев и да даде нејасни сигнали до Комисијата за историски и образовни прашања#, пишуваат бугарски медиуми.
Каракачанов, кој е и вицепремиер, вели дека на 17 октомври Бугарија „не треба да брза да даде зелено светло за започнување преговори со Македонија за членство сè додека не бидат расчистени сите фалсификати на историјата на бугарскиот народ во Македонија“.
Според него, постапките на македонскиот претседател се спротивни на духот на добрососедството, како и на бугарската цврста позиција дека мора да се забрза напредокот во разговорите за заедничката историја и нејзиното претставување во образовниот систем на соседна Македонија.
Бугарија треба да одлучи дали да ја поддржи Македонија за да постави датум за почеток на разговорите за членство во ЕУ. Оваа одлука зависи и од секоја земја-членка и од секоја од нив поединечно. Одлуката ќе биде донесена само со апсолутно мнозинство.
Дури и ако само една земја е против тоа, не може да се донесе одлука, јавува News.bg.