Каракачанов до македонските политичари: Ти чувствувај се како сакаш, ама јас сакам да размислуваш европски

Не може едно дете што започнало да оди во училиште уште од прво одделение да го учиш дека Бугарите се фашисти, окупатори итн. – зборуваше Каракачанов во вчерашното гостување во „Денот започва“ на бугарската БНТ, без да објасни, меѓутоа, дали мисли на оние исти првачиња кои цртаа полжави и коси црти во тетратки со тесни и широки линии, или на некои други, негови замислени македонски првачиња.

Не може да крадеш историја, истата да ја фалсификуваш и така да развиваш омраза кон соседна земја, упорен е бугарскиот вицепремиер.

„Бугарите се фашисти, окупатори, убијци и што ли не, а за Македонците таму ќе прочитате дека небаре од Свети Павле постојат. И Исус бил Македонец, не знаевте?“, саркастичен беше во интервјуто министерот за одбрана на Бугарија.

„Таа нивна политика, таканарачарен нов идентитет, таа е измислена… има документи, ’33 – ’34 година во Москва, наложена со крв и насилство во ’44-та година од Титова Југославија“, се надоврза Каракачанов на своите претходни тези, па ги прозва и македонските политичари:

Прочитајте и:  Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување

„Ти не можеш мене да ми кажуваш ‘Ама ние така се чувствуваме’. Супер, ти чувствувај се како сакаш, само што јас сакам да бидеш политичар кој размислува европски – зборувам за скопските политичари. Изгради си го својот идентитет на база на автентичните факти од твојата историја; и започнувате од Тито, т.е. со Коминтерната, простете, Сталин, Тито… Бидете така добри да ги рехабилитирате оние илјадници луѓе кои беа убиени во Македонија, кои беа Бугари. А тоа беше елитата на тоа општество: учители, професори, свештеници, трговци. Таа елита беше уништена, или пратена во затворите – тоа не ли е факт од историјата. А не некаков мулти-не-знам-си-каков модел“, рече Каракачанов.

- Реклама -