Каракачанов со карта на Голема Бугарија честиташе 8 Март, реакција од претседателот Пендаровски

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, заедно со неговата ВМРО-БНД, а во пресрет на парламентарните избори, не само што не пропушта прилики (како и досега) да испрати провокации до Македонија, туку почна и да ги создава и таму каде што ги нема. Па така, вчера Красимир Каракачанов, по повод Меѓународниот ден на жените – 8 Март, објави карта на Голема (Санстефанска) Бугарија, во која е вклучена и целата територија на Македонија.

„Традиции, семејство, вредности. Бугарија над сѐ!“, пишува во честитката на Каракачанов и бугарската ВМРО.

По ваквата провокација од вицепремиерот на нашиот источен сосед, денеска со реакција се огласи претседателот на државата – Стево Пендаровски.

„Претседателот Пендаровски, во однос на ваквите изјави кои доаѓаат од Софија, секогаш укажувал дека претставуваат отворено кршење на Договорот за добрососедство и ја поткопуваат довербата меѓу двете земји и народи.

Ваквите постапки се во спротивност на основните принципи и вредности на НАТО Алијансата, во која и двете држави се рамноправни членки“, се вели во реакцијата од неговиот Кабинет.

 

- Реклама -