Караџица на Јакупица, едно од скриените убавини на Македонија

Како викенд предлог, а може одмор предлог, планинарскиот дом „Караџица“ е место кое плени, место кое го ослободува умот и го полни духот, место кое смирува и од кое тешко ќе си заминете.20140119_140437

За само неполни два часа пат од Скопје, ќе се најдете на 1450 метри надморска височина на прекрасната Јакупица, каде што се наоѓа планинарскиот дом „Караџица“ кој е изграден со љубов и зрачи со карактер.100_9517100_9502100_9514100_9518

Датира од далечната 1945 година, кога Борис и Павлина го создале и ги отвориле вратите на домот.20140119_13212420140119_132135

Има добиено „Сребрена значка“ за заслужна работа во планинарството на ниво на Југославија.100_9501image-36f64302049a5e9e06abd7eb058f528d1fb922fcd5befd42bd6362383758ace4-V20140119_115025 (1)

Локалната легенда вели: „Во селото Порече си живееле две фамилии, Јакуп и Даут, биле многу блиски пријатели, но еден ден кучето на Јакуп ја нападнало ќерката на Даут, кој пак го убил кучето. Поради ова Јакуп со цел да му врати на Даут се обидел да ја убие ќерка му. Откако почнале немирите меѓу двете фамилии тие се замразиле и едната фамилија отишла на едната планина до селото, а другата фамилија на другата планина. Од тогаш двете планини постојано се судруваат една во друга, а денес се викаат Јакупица и Даутица“.20140119_11494920140119_11511820140119_11515620140119_130343

Денес местото самостојно го оддржуваат вредните домари на домот „Караџица“ Ѓорѓи, Филип и нивни блиски пријатели од планинарскиот клуб „Драчево“, веќе шест години се грижат за домот. Тие се луѓе со чиста мисла и ведар дух,  ја обележале шумата, организираат прошетки, планирајќи или пак со џип до околните места. 100_9470100_9472JJJ

Тука се е посебно, а пак заедничко. Дури и собите се посебно именувани како, „Куна“, „Пештерка“, „Пастрма“, „Малина“. Има капацитет од 80 легла, а исто така има простор за поставување на шатори.20140119_12060420140119_140040image-f72be52d930b6d2d82ac9b258aa2d0be2d4a1de49af491ff2f06a0844baf9108-V

Ова место е уникатно по многу работи, од речната пастрмка во Кадина река и ендемичниот вид на син бор, до прекрасните прошетки до Солунска глава или пак Салаковските езера.20140119_140102image-03f43e491b2c5a508ac75f50e777928d6d82f8d9745e704c0af957f8d6e2df62-VJ

Ова е место за сите возрасти, и е убаво во секое годишно време. Ентузијастите кои ќе го посетат местото нема да зажалат, туку напротив, ќе зажелат пак да се вратат. Чуството на спокојот кој ќе ве исполни нема да ве напушти.

image-dbe1c4b95002d32db336ad143b60f478716c191b11ee2fb529f8d465fef94a33-V20140119_140000100_9497

Дали повторно ќе го поминете викендот дома или пак ќе посакате да видите нешто повеќе од врвот на Водно…?

- Реклама -