Едни од најубавите манекенки во светот Кејт Мос и Кара Делевин, снимија промотивен спот за кампањата „Burberi“ во која и двете се прикажани во провокативни пози.
Кара Делевин веќе неколку пати се има пофалено дека тоа е нејзиниот најголем успех во кариерата до сега, а кога била прашана кои ѝ биле најдобри моменти на снимањето, таа одговорила:
„Тоа секако беше ситуацијата кога двете бевме голи во еден момент, а потоа Кејт ме опфати цела со нозете“.
Кара исто така истакнала дека уште од почетокот на својата кариера се угледувала на Кејт Мос, и дека таа неа ја научила да биде своја и да не обрнува внимание на тоа што другите луѓе зборувааат за неа, а тоа многу ѝ помогнало во кариерата.