КАПИТЕНОТ: ОДЛОЖЕТЕ ГО МЕЧОТ ЗАРАДИ ЗДРАВЈЕТО И ЗАТОА ШТО Е ФЕР И СПОРТСКИ

Во услови кога прво владее вирус поради кој е комплицирано да се патува и второ, ни наближува историски меч кој се распродаде за три дена, а потоа забранија да се игра со публика, нема логика ни да се игра месецов. Во тоа се сложни и репрезентативците на чело со селекторот.

Македонската фудбалска репрезентација за 15 дена го игра полуфиналето од Лига на нации против Косово, а владата вчера донесе одлука сите спортски манифестации во наредните 30 дена да се играат без публика.

Тешко дека има играч, особено во ситуација кога брка историско Европско за прв пат во кариерата, што сака да игра фудбал без навивачка поддршка.

Капитенот Горан Пандев се произнесе на Инстаграм за оваа специфична ситуација во која се наоѓаме пред мечот и побара одложување на мечот.

„За мене пласманот со Македонија на Европско првенство е многу повеќе од сите освоени титули. Живееме за слика од нашиот стадион со трибини покриени од навивачи во црвено – жолта боја кои ќе ни дадат сила и мотив да го надополниме сè она што фудбалски го пропуштивме во последните 20 години.

Дајте ни шанса за вистински спектакл, дајте ни шанса со нашите навивачи да се радуваме на победа и да бидеме на чекор од ЕП.

Здравјето е најважно и секогаш се молиме за тоа. Но дајте ни можност да го оствариме и сè она што сме сонувале како деца. За доброто на сите, одложете го натпреварот и заради здравјето и затоа што е фер и спортски“.

Продолжете на оффнет

 

- Реклама -