Канцеpогените фискални ленти итно да се забранат како во ЕУ

Од 1 јануари годинава во Европската Унија, стапи на сила забраната за употреба на штетната хемиска материја Бисфенол А или БПА присутна во термичката хартија на која се печатат фискалните сметки, броевите за ред на шалтерите во бројни институции, како и на фискалните ролни во големопродажба. Согласно измени во легислативата оваа забрана ќе почне да се применува, почнувајќи од јули годинава и во соседна Србија, поради утврдената штетност дека истата е канцерогена и предизвикува бројни заболувања, соопшти Сојузот на стопански комори.

– Оваа штетна хемикалија е утврдена како предизвикувач на сериозни здравствени проблеми како срцеви заболувања, дијабетис, неплодност, рак на дојка и простата, хормонски и ендокринолошки заболувања, а претставува и голем ризик за здравјето на децата.

Бисфенолот А е една од најкомерцијално достапните хемикалии што се користат во производството на термичка хартија како развивач на бои. Согласно истражувањата, концентрацијата на бисфенол А во фискалните сметки е до 40 пати поголема од дозволената и се движела од 0,62 до 0,91 отсто, а според стандардите дозволено е само 0,02 отсто.

Засега во ЕУ забраната подразбира само нејзино исклучување од термичка хартија, односно дека не смее да биде повеќе од 0,02 проценти.

Претседателот на Комората на сметководители Македонија, Драган Митковски апелира надлежните институции, итно да ја стават на дневен ред забраната за употреба на Бисфенол А во термичката хартија, на која најмногу се изложени лица кои се во контакт со фискални сметки преку целиот работен ден, како сметководителите, потрошувачите како и голем број лица кои работат во трговијата особено во малопродажба.

Целиот текст ТУКА

- Реклама -