Викендов на друштвените мрежи осамна видео од вработен на „Комунална хигиена“ кој собраното ѓубре од тротоарот го фрла во реката Вардар, наместо во кантата до него. Снимен е на мостот „Близнаци“ во скопската населба Аеродром. Од некој што е вработен во јавно претпријатие што во насловот има „хигиена“, дефинитивно не би требало да гледаме вакво неодговорно однесување кон… хигиената.