Просветлувањето е човеково напуштање на сопствената незрелост која самиот си ја наметнал. Незрелоста е немоќта својот разум да се употребува без водство на некој друг.
Мрзеливоста и кукавичлукот се причината поради која што толку голем број луѓе, иако ослободени од нечие управување, сепак до крајот на животот остануваат незрели и поради нив на другите им е сосема лесно да им се наметнат како нивни тутори.
Многу е удобно да се биде незрел. Доколку имам некој кој наместо мене има свест, тогаш, не е потребно самиот да се трудам. Нема потреба да мислам кога можам само да им платам, а некој друг наместо мене да ја превземе непријатната работа.
Затоа најнапред ја заглупавуваат нивната домашна стока, внимателно спречувајќи тие мирни суштества да не се доближат ни на еден чекор од дупката во која се затворени, тие тутори потоа им укажуваат на опасноста ако сакаат да се движат сами.
На секој поединец му е тешко да се извлече од незрелоста која речиси прераснала во негова природа. Тој дури и ја засакал, и засега не е способен да се служи со сопствениот разум, бидејќи никогаш не му било допуштено да го направи тоа. Правила и формули, механички оружја за разумна употреба, или, злоупотреба на природната дарба, се оковите на незрелоста која никако да премине во друга фаза. Оној кој би ги отфрлил сепак би направил само несигурен скок преку ужасен шанк, со оглед на тоа што не е навикнат на слободно движење. Оттука само на малкумина им поаѓа од рака со негување на сопствениот дух да се извлечат од незрелоста и својот од сепак да го направат сигурен.