Канје „удри“ по фотографката: Речиси ни ја уништи свадбата!

Канје Вест е егоманијак, но степенот на неговата заљубеност во себеси не престанува да изненадува.
Познатиот рапер Канје Вест со уште попознатата реалити сопруга за време на интервју во Кан изјавил дека неговата свадба требало да биде фотографирана од фотографката Ени Лебовиц, која ги сликаше за насловната страна на списанието Вог.

Kim Kardashian i Kanye West (Foto: Annie Leibovitz, Vogue)

Но, Ени наводно откажала пред свадбата.

„Се исплаши од нашата слава“, самоуверено изјавил Канје, додавајќи дека тој и Ким поминале четири дена од својот меден месец средувајќи ја фотографијата која стана најпопуларна на Инстаграм.

„Да ви откријам нешто за таа фотографија која ја стави мојата девојка… Тоа ужасно ја налути, беше исцрпена бидејќи толку многу работевме на таа фотографија со оглед на тоа дека Ени Лебовиц се откажа од работата во последен момент. Мислам дека беше исплашена од идејата за познати личности“, објаснил Канје.

Screenshot_2

Оваа слика го носи насловот „најлајкувана“ фотографија во историјата на Инстаграм, со повеќе од 2.29 милиони лајкови и повеќе од 51.000 коментари.

Со такви бројки, на кого му е потребна Ени Лебовиц?

- Реклама -