Додека Кание Вест и менува пелени на малата Норт Вест заедно со дадилката, Ким Кардашијан спие. Причината е, како што вели самата, затоа што сака да се наспие за да биде добра мајка.
Риалити ѕвездата изјавила: „Дадилката се грижи за девојчето во случај ако треба да се сменат пелени, да се нахрани или едноставно да се смири. Сакам да бидам одморена за да бидат што подобра мајка на малата Норт“.
Ким мисли дека нема да може да го постигне тоа ако не се наспие добро. Сака да ужива во мајчинството, но убедена е дека за тоа и се потребни 8 до 10 часа сон. Додека Кание ги менува пелените, неговата девојка сака тоа да и го препушти на дадилката.
„Изненадена е од тоа колку пелени дневно треба да се сменат“, открил анонимен извор за американските таблоиди.