Mакедонски активист од Бугарија (Пиринска Македонија), Атанас Кирјаков (Војводата), кој на локалните избори во Бугарија в недела ќе „трча“ за градоначалник на Благоевград, во финишот на кампањата со порака на Фејсбук и за својот идентитет.
„I AM MACEDONIAN“, односно „Јас сум Македонец“, напиша на англиски јазик активистот на Обединета македонска организација „Илинден“, која бугарската држава одбива да ја регистрира, па тој е пријавен како кандидат на Движење „Заедно за промена“.
За кмет на некогашниот македонски град во Пиринска Македонија, Горна Џумаја ќе се борат 12 претенденти, а ќе го изберат околу 67.000 благоевградчани со право на глас.