Поранешниот новинар, а сега кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 1 – Сафет Бишевац, објави дека е позитивен на коронавирус.
На Фејсбук тој информираше дека правел тест и резултатите покажале дека е заразен со вирусот, и покрај тоа што, како што вели, максимално ги почитувал мерките.
„Почитувани пријатели, тестирањето покажа дека сум ПОЗИТИВЕН на Ковид-19. За жал, нештата понекогаш се случуваат и покрај максимално можно почитување на препораките за заштита“, пишува Бишевац.
Тој додава дека се чувствува одлично и засега нема никаков проблем, но дека во следниот период заедно со семејството ќе остане во изолација, под надзор на матичен лекар.