Kaнцеларија како од „Матрикс“

Белоснежeн мебел и стаклени ѕидови се дел од  новата канцеларија на компанијата SOHO во Шангај која изгледа како да е телепортирана од  далечната иднина. Смелиот проект на специјалистите од архитектонското биро AIM Architecture е исполнет во огромната канцеларија  Фусин, во  Кина. Таа е целосно направена од стакло и сјајни површини: транспарентни тавани, ѕидови низ кои се гледаат техничките капацитети, и многу, многу прозорци.

Од самиот влез посетителите влегуваат  во вистинска матрица – стерилен бел ходник со LED осветлување. Во прилог, проѕирните  површини го одразуваат урбаниот пејзаж на Шангај и динамичните  внатрешни сцени помешани  со  урбаните пејзажи.

На прв поглед се создава впечаток дека вработените работат во огромна  стаклена тегла, но во реалноста внатре владее леснотија, што било целта на  архитектите : стакла и огледала, кои меѓусебно се одразуваат, совршено избалансирани  замисли до каде се протегаат границите на просторијата.

Овој услов го поставил клиентот со идејата да ги демонстрира можностите на своите клиенти. Главниот градежен материјал е калено стакло и огледала. Сега од кинеската компанија  можат да зборуваат за транспарентноста  на својата дејност како во директна, така и во фигуративна смисла на зборот.

- Реклама -