Канабисот помеѓу болката и законот (Документарец)

Македонија до февруари 2016 година ќе ја легализира марихуаната за медицински цели. Со тоа Македонија по по Чешка, Финска, Романија, Италија, Шпанија, Холандија, Франција, Австрија, Португалија, Германија, Велика Британија, Словенија и Хрватска, ќе стане 14-та држава во Европа која го легализираше канабисот.

Светот е поделен помеѓу оние кои се застапници за легализација на канабис во медицински цели и оние кои се противат на тоа.

Во Србија оваа тема сè уште е далеку од отворена, па Вајс реши да не освежи со еден брилијантен документарец околу канабисот и неговите лековите својства со живи примери.

Читателите за прв пат ќе имаат можност да видат како се произведува маслото од канабис. Катерина Петровиќ е однесена на сосема непозната локација каде еден човек се согласува пред камера да ја подготви оваа забранета супстанца.

Имајте предвид дека и корисниците на маслото од канабис се соочуваат со затворска казна до 3 години.

Во моментов се чекаат нови законски решенија, но постојат многу луѓе кои немаат време за чекање.

Да погледнеме!

- Реклама -