Ако се греете на струја, сигурно сметките за истата ви претставуваат ноќна мора. Да не спомнуваме пак колку е поголема потрошувачката во зимскиот период, особено во екстремно студените денови како изминативе.
Сепак, постои едноставен трик со кој можете да се послужите во вонредни ситуации, како што се кампување, планинарење, лов, па и екстремните температури во секојдневниот зимски живот.
Се што ви треба е конзерва, алкохол (се препорачува 70-процентен) и тоалетна хартија. Овој мал експеримент се карактеризира со едноставноста на изведување, ефтиниот материјал и најважно, големата количина на топлина што при тоа се ослободува.
Се разбира, бидете екстра внимателни и не ризикувајте ако не морате. Затоплувањето на домот нема многу да ви помогне ако го изгубите заради пожар.