Камионска приколка конвертирана во топол дом на тркала

Феноменот на конвертирање на камиони и камионски приколки во високо прилагодени мобилни домови цвета уште од 1970-те, а се чини и денес зема се поголем замав. Со пространи, отворени и стилски дизајни, полни со модерни решенија, следниот пример е дефинитивно еден од оние што можат да ве инспирираат да се откажете од киријата и фиксните локации и да преземете акција кон живот во константна авантура и патување.

Израелскиот аниматор Јозеф Тајар ја добил инспирацијата од ТВ програма посветена на „домови на тркала“ и решил да го искористи своето искуство во дрводелство и внатрешен дизајн за да изгради свој мобилен дом. По години потрошени на планирање на деталите и избор на високо-квалитетни материјали, неговата визија е преточена во опипливо решение.

truck-turned-home

Еден поглед е доволен за да се уверите дека животот во еден ваков камион и не е воопшто лош, особено кога просторот е изработен со толку многу стилски сенс. Ѕидовите се дебели нешто повеќе од 15 сантиметри и овозможуваат целосна изолација. Дрвените површини, кујната, спалната, компактното работно катче, просторот за седење, тоалетот и бањата, заедно се вклопени во модерен дом, спремен за вселување веќе при втората посета. Фотоволтаичните панели на кровот на камионот го снабдуваат домот со соларна енергија, а големиот резервоар под спалната соба е задолжен за снабдување со вода.

Конверзијата на 11.5-метри долгиот камион во модерен дом на тркала, го чинел Тајар околу 225.000 долари, што на долгорочен план и не е така огромна сума.

2 3 4 5 6 7 8 9 10

 

- Реклама -