Камионот што поставува привремени писти и патишта

track[1]

Кога конвои поминуваат низ каллив терен, најголемиот проблем е што со секое возило што ќе помине, теренот станува уште покаллив, што може да предизвика до застој на конвојот или воената/спасувачка операција. Се разбира, такво нешто е недозволиво, па затоа и постои Heavy Ground Mobility System (HGMS) – интересен метод на производителот FAUN Trackway од Велс, што го надминува проблемот и дозволува непречено движење на инаку неминлив терен.

Камионот носи 100-метри стаза во форма на метална ролетна, за чие поставување се потребни само 10 минути и „екипаж“ од двајца. Стазата издржува возила и до 70 тона, а може и одново да се собере и да се реупотреби.

Компанијата работи на логистика веќе 40 години, а на сличен начин гради и привремени писти и хелиодроми. Нивните системи ги користат повеќе од 30 армии.

- Реклама -