Камионите на париските проститутки

pariske-prostitutke-i-njihovi-fabulozni-kamioni-body-image-1453214207-size_1000

Според Париската полиција, бројот на проститутките кои работат во Булоњската шума, драсично е зголемен во текот на изминативе пет години. Претставничка на групата што ја сочинуваат независните проститутки кои работат во Булоњската шума неодамна објавила дека околу 180 сексуални работнички се активни во овој голем парк во близина на Париз.

Отсекогаш ме интересирала неформалната архитектура и луѓето што знаат од ништо да создадат нешто. Мојата работа обично ги проучува начините на кои маргинализираните групи се борат со често пати непријателска средина. Пред три години почнав да ги истражувам условите во кои работат проститутките во Париз, проектот го нареков „Места на задоволството“, Places of Pleasure.

pariske-prostitutke-i-njihovi-fabulozni-kamioni-body-image-1453214362-size_1000

Булоњската шума е парк со репутација, секој Парижанец знае дека е тоа место од историско значење за сексуалната индустрија. Секое утро, голем број жени доаѓаат во паркот, некои со велосипед, некои со автомобил. Нивниот ден започнува со поставување на своите работни места, некои подигаат шатор во шумата, другите го отвораат камионетот, ги спуштаат седиштата и ги навлекуваат завесите на прозорите. Кога сето тоа ќе се постави, тие почнуваат да се подготвуваат – внимателно се шминкаат и ја облекуваат секси гардеробата или, едноставно, се соблекуваат голи. Целиот процес е како мал ритуал.

pariske-prostitutke-i-njihovi-fabulozni-kamioni-body-image-1453214804-size_1000

Околу пладне, познаниците им носат храна и пијалак. Овие жени ретко ручаат, работата им го уништува апетитот. Многу од нив, ќе одлучат да работат со празен стомак, иако често пати можете да видите шише од некој алкохол што вирее од нивната чанта. Околу пет попладне, почнуваат да ги пакуваат своите работи. Доаѓа ноќната смена.

pariske-prostitutke-i-njihovi-fabulozni-kamioni-body-image-1453214834-size_1000

Времето поминато со нив го искористив да го фотографирам нивниот најинтимен простор и така да се запознам со жените кои работат тука. Го избрав делот од паркот кој е одделен од улица. Во период од три години, запознав 30 жени, од кои поголемиот дел функционира независно. Ова ги олесни нашите состаноци, бидејќи тие имале целосна слобода да кажат што мислат.

pariske-prostitutke-i-njihovi-fabulozni-kamioni-body-image-1453214850-size_1000
Запознав и неколку клиенти, но беше тешко да се направи профил – сите беа мажи, и тоа од млади копиљаци од предградието до деловни луѓе кои поминуваа низ паркот накај работа. За повеќето, посетувањето проститутки е начин да се релаксираат.

pariske-prostitutke-i-njihovi-fabulozni-kamioni-body-image-1453214887-size_1000 pariske-prostitutke-i-njihovi-fabulozni-kamioni-body-image-1453214926-size_1000 pariske-prostitutke-i-njihovi-fabulozni-kamioni-body-image-1453214946-size_1000 pariske-prostitutke-i-njihovi-fabulozni-kamioni-body-image-1453214963-size_1000 pariske-prostitutke-i-njihovi-fabulozni-kamioni-body-image-1453214976-size_1000

- Реклама -