Камион повторно пропадна на плоштадот „Македонија“, возачот приведен

Утрово, на плоштадот „Македонија“, повторно камион го оштети плочникот на партерната фонтана. Овојпат, возилото со сите тркала пропадна во плочникот.

Станува збор за возило на приватна компанија, со турски регистерски таблички, кое е дел од тимот на турска филмска продукција која снима филм во Скопје.

Како што соопштија од Град Скопје, возилото немало дозвола за движење на плоштадот, иако имало поднесено такво барање.

Возачот, пак, кој е државјанин на Турција, е приведен и изведен пред суд, а за инцидентот МВР ќе поднесе соодветен поднесок, информираат градските власти. Дополнително, Град Скопје, по извршениот инспекциски увид, како што се наведува, издаде санкција која правното лице ќе треба да ја плати во рок од 10 дена, а во спротивно ќе следи прекршочна и кривична пријава.

Прочитајте и:  ЈО: Дадени се насоки на Управата за финансиска полиција да се испитаат постапките за јавни набавки за горивото за ЈСП

Ова не е првпат камион да пропадне во партерната фонтана на плоштадот. И пред неколку месеци пропадна камион, кој беше извлечен со возило на „Граски паркинг“. Од Град Скопје тогаш најавија санкции против субјектот чиј камион влегол на плоштадот „Македонија“.

Извор: МИА

- Реклама -