Оваа чудна камера прави панорамски фотографии од 360 степени кога е фрлена во воздух. Камерата е креација на графички дизајнер од Берлин, истата се состои од 36 камери од по 2 мегапиксели со фиксен зум и акцелерометар.
Кога топката направена од пена, во која се сместени камерите, ќе биде фрлена во воздух, таа може да детектира кога ја достигнала највисоката точка во нејзината траекторија и во тој момент да направи по една фотографија во секоја насока. Сите 36 фотографии потоа се спојуваат за да создадат сферична слика.
{youtube}Th5zlUe6gOE{/youtube}