Ловци го барале суштеството низ Тексас, обидувајќи се да го убијат. Еден од нив, Рик Дјуер, тврди дека суштеството познато како Бигфут ја нападнало камерата.Во документарниот филм на наградуваниот британски режисер Морган Матевс, „ Storyville Shooting Bigfoot: America’s Monster“, во кое авторот ги следи авантурите на тројца ловци на Бигфут, прокажан е дел на кој што , како што тврдат ловците, се појавува суштеството.
Тие го барале низ Тексас, обидувајќи се да го убијат. Еден од нив, Рик Дјуер, тврди дека Бигфут ја нападнал камерата. Филмот содржи хумористични моменти, но не може да се занемари овој сериозен момент во кој наводно е фатен Бигфут.
Сепак, многу критичари се сомневаат дека станува збор за местенка.
Овој документарец се прикажува на каналот BBC Four.