Камења кои самостојно растат

trovant0_intro.jpg Романија е веројатно најпозната по легендарната приказна за Дракула, но на тоа тло се одвиваат и други, несомнено поинтересни природни активности. Овие камења, познати под името „трованти“ се занимливи по тоа што, буквално растат сами од себе.

Романија е веројатно најпозната по легендарната приказна за Дракула, но на тоа тло се одвиваат и други, несомнено поинтересни природни активности. Овие камења, познати под името „трованти“ се занимливи по тоа што, буквално растат сами од себе. 

trovant1.jpg

Процесот на растење започнува со послеедната капка дожд. Станува збор за мултипликациски процес, во кој камењата заземаат разновидни, најчесто округли форми. Тровантите имаат цврста камена основа, но нивната обвивка е главно составена од песок и најчесто се среќаваат во песокливи региони. Според научните тврдења, тровантите настанале како резултат на цементациски процес кој се случил пред милиони години. Денес, формите образувани од тровантите се постигнати како последица од неправилна секреција на цемент.

trovant0.jpg

trovant2.jpg

Прочитајте и:  Музеј или џамија? Остри реакции по отворањето на првиот Музеј на христијанското и исламското културно наследство

Во 2006 година беше подигнат музеј, во кој се изложени неколку примероци од овие камења, од најмали примероци, се до џиновски камења со раст од над 10 метри. Музејот се наоѓа во Костести, мало село во регионот Валцеа. линк .

- Реклама -